Прволигашките збиднувања во Првата лига во женска конкуренција ќе започнат претстојниот викенд. Шест пријавени сениорски екипи ќе се тркаат во прволигашкиот маратон во рамки на дваесет кола кои ќе водат до финалната плејоф битка за шампионската титула.

Актуелниот шампион во домашното натпреварување, екипата на Бадел 1862 е неприкосновен на врвот кога станува збор за шампионската трка на територијата на Република Македонија. Минатата сезона, кошаркарките на Вардар не им дозволија на „Баделки“ одново да заверат двојна круна во домашниот шампионат откако им го ’грабнаа’ пехарот од државниот Куп. Во финалната серија од Плејофот, кошаркарките на Бадел 1862 беа подобри од вардарки со максимални 3-0 и заверија уште една титула.

Оваа сезона, покрај освојувачот на Купот и освојувачот на шампионската титула, ќе се натпреваруваат и екипите на Шкупи, кој минатата година стигна до полуфиналето во Плејофот, но загуби од Вардар, Струга 2009, Пелистер и Трокал.

Распоредот по кола е достапен на следниот линк.