Екипата на Карпош Соколи запиша нов пораз во рамки на групната фаза од ФИБА Европа Купот. Македонскиот вицешампион не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и против Нижњи Новгород го запиша вториот пораз во оваа фаза од натпреварувањето под организациска палка на ФИБА.

Воведниот период во натпреварот започна со доминантна игра на македонскиот клуб. Комуникацијата на релација разигрувачи-играчи под кошевите беше беспрекорна, барем на почетокот на првата четвртина. Следеше период од играта во кој шутевите од далечина станаа главен адут во играта на гостите. Три реализирани шута веќе направија двоцифрена предност за Нижњи (17-27) кој до крајот на натпреварот не беше анулиран. Секој пат кога „соколите“ заиграа во свој ритам, противникот уфрлуваше поени од далечина со кои разликата продолжи да расте.

КАРПОШ СОКОЛИ – Нижњи Новгород 67-101 (17-27, 13-29, 15-30, 22-15)

СТРЕЛЦИ Карпош Соколи
Браун (9поени), Соколов (6), Сапунџиев (4), Николовски (13), Мекфаден (12), Делиќ (7), Чомагиќ (8), Лабовиќ (1), Ѓуроски (7)

Следен натпревар за Карпош Соколи е закажан за 1. ноември, на гостински терен против Фалко Вулкано.