Гостивар и Охрид во рамки на четвртото коло од Првата лига (мажи) запишаа нови победи. За Охрид тоа е втора победа, по првата во рамки на првото коло против Струмица додека Гостивар е со максимални четири победи од четири одиграни натпревари досега.

Скопски Шкупи застана на метата на гостиварци кои без милост ги испратија скопјаните назад во главниот град без победа.

Гостивар – Шкупи 94-78 (18-19, 23-16, 23-20, 30-23)

СТРЕЛЦИ
Гостивар: Тасовски (11поени), Димчевски (9), Зекири (12), Тодоровиќ (18), Сегариќ (24), Димитриевски (4), РОбев (7), Серафимоски (9)
Шкупи: Харис (22 поени), Булатовиќ (3), Ристовски (4), Џозеф (17), Атанасов (3), Мемети (9), Ристов (16), Ника (3), Гулевски (1)

Во вториот дуел на саботната агенда од четвртото коло, Охрид без тренерот Чочороски запиша нова победа, втора досега, против екипата на Кожув.

Охрид – Кожув 86-74 (16-18, 19-22, 23-16, 28-18)

СТРЕЛЦИ
АВ Охрид: Лефкоски (7поени), Глигоријевиќ (4), Бери (18), Крег (24), Михајловски (14), Донески (9), Лаим (2), Јанески (6), Цого (2)
Кожув: Апостолов (3поени), Шалев (13), Пековиќ (23), Мишковиќ (15), Петров (10), Ангелов (1), Тасков (4), Тодоровиќ (5)