Репрезентативците до 15 години од денес па сè до недела ќе учествуваат на турнир во Софија, Бугарија, во рамки на ФИБА проектот за развој на млади и талентирани кошаркари насловен „Заедно до U16“. Селекторот Александар Јованчев со себе поведе 14 кошаркари кои денес, утре и в недела ќе се пресметаат против Романија, Бугарија и против Косово.

Селегацијата пристигна синоќа во Софија, а утринава беше одржан и првиот тренинг. Првиот натпревар ќе се одигр денес во 18:00 часот. 

Линкови за следење и статистика