Кадетските репрезентативци запишаа уште една победа на меѓународниот пријателски турнир кој се одржува во Истанбул. Младите кошаркари до 16 години се пресметаа со врсниците од Дарушафака и беа подобри во текот на целиот натпревар победувајќи со 62-55 во втората пресметка на овој подготвителен турнир.

Кошаркарите до 16 години, утре ќе бидат предводени од Небојша Ѓуковиќ и Горан Даниловски против врсниците од Галатасарај.