Нашата женска сениорска репрезентација ги започна подготовките кои водат до натпреварите од првиот прозорец од квалификациите за Европското првенство 2019. Сениорките, предводени од Марјан Лазовски и Стојна Вангеловска го одржаа првиот тренинг во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ каде претстојната сабота ќе го одиграат и првиот натпревар од овој прозорец, против силната селекција на Италија, в сабота (11. ноември) со почеток од 17:00 часот.

Вратите ќе бида отворени за сите љубители на кошарката кои ќе сакаат да ги поддржат сениорките.