Нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција вечерва, со почеток во 18 часот и 35 минути ќе го започне вториот натпревар во рамки на квалификациите за Европското првенство што во 2019 година ќе се одигра во Летонија и во Србија. Сениорките загубија на првиот натпревар, од седмата европска сила Италија, а денес, во Содерталје ќе се пресметаат со Шведска.

Ставот на колективот е - подготвени сме за победа!

Шведска не е репрезентација од која треба екстремно да се плашиме, не е подготвена како Италија. Се зависи од нас - ако веруваме едни во други, ако комуницираме во игра како што треба можеме да направиме успех. Со број на дадени поени на претхдните натпревари сме 'тука-некаде' со Шведска. Да ги сведеме да грешат повеќе и да дадат помалку поени, со оглед на тоа дека имаат решение за игра само по една страна, во исто време ние да дадеме неколку повеќе и победата е наша. Против Италија ни недостасуваа поени од неколку играчи. Одиме да ги победиме, сконцентрирани и секоја нервоза досега што сме ја имале ќе ја претвориме во мотив. Подготвени сме за победа - истакна селекторот на сениорките, Марјан Лазовски

Натпреварот ќе може да се проследи во живо на следниот ЛИНК!