Селекторот на националната селекција во машка сениорска конкуренција, Јорданчо Давитков, ќе прозива на 20. ноември (понеделник). Нашата сениорска машка репрезентација идната недела ќе одигра два натпревара во рамки на првиот прозорец од претквалификациите за Европското првенство 2021.

Првиот тренинг ќе се одржи во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 9 часот и 30 минути. Тренингот ќе биде од отворен карактер за сите медиуми кои ќе сакаат да присуствуваат.

Прв противник во овој прозорец ќе ни биде селекцијата на Словачка против која одигравме два пријателски натпревара во рамки на подготвителниот период за претквалификациите за Светското првенство 2019. Со Словачка ќе се пресметаме на 23. ноември во градот Попрад, со почеток во 18:00 часот. Три дена подоцна ќе ја нагостиме соодветната селекција на Швајцарија. Натпреварот ќе се одигра во големата сала, при спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 45 минути. Натпреварот против Швајцарија ќе биде пренесуван во живо на првиот програмски сервис на македонската национална телевизија (МРТ).