Националната селекција во машка сениорска конкуренција го одржа првиот тренинг во пресрет на претквалификациите за Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година. На повикот на селекторот Јорданчо Давитков одговорија вкупно 15кошаркари кои ќе тренираат заедно во наредните два дена пред заминувањето за Словачка кај нашиот прв противник во овој прв прозорец.