Кошаркарите родени 2003 година го одработија првиот селективен тренинг во новата, 2017 календарска година. Предводени од Дернис Дервишевиќ, Благоја Кечовски, Љупчо Илчевски, Нермин Пепиќ, Никола Данев, Маријан Ѓуров и Александар Асаданов, младите кошаркари се фокусираа на елементарните техники на кошарката, играта ’еден-на-еден’и ’пет-на-пет’.

За младите кошаркари репрезентативните обврски допрва ќе започнат, а засега на нивниот календар е само еден меѓународен турнир закажан за крајот на месец август (24.-27.) во Словењ Градец, Словенија.

Ставот на сите тренери кои денеска имаа можност да ги скенираат младите кошаркари е ист – пожелни се што повеќе пријателски натпревари за да младите кошаркари се здобијат со посакуваното искуство.

Повеќе фотографии од денешниот селективен тренинг можете да погледнете на следниот линк.