Кошаркарската асоцијација на Словачка против која денес ќе си ги одмериме силите во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021, сепак одлучи од меѓусебниот дуел да не врши livestream на YouTube каналот на ФИБА.

„За жал нема да има пренос. За претквалификациите националните федерации не се обврзани за да обезбедат stream, каков што е и случајот со Словачка. Тие нема да прават никаков пренос на интернет од натпреварот. Денес ќе има stream само од Албанија – Ерменија. Штета што нема да има пренос“ – предмалку ни одговорија од ФИБА.

Натпреварот ќе биде пренесуван во живо само на локалната телевизија 213.

ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА НА ТВ 213 ВО ЖИВО 

Статистиката ќе може да се проследи на ФИБА веб-сајтот изработен за овој претквалификациски циклус.