Сениорите го отворија првиот прозорец од претквалификацискиот циклус за Евробаскет 2021 со победа над Словачка со 66-74. Кошаркарите доминираа на паркетот во Попрад во текот на целиот натпревар, а победата дојде сосема заслужено. Селекторот Јорданчо Давитков е задоволен од залагањето на кошаркарите и од победата.

 

Изигравме добар натпревар. Во секој случај, особено во првите три четвртини игравме одлично. Играчите го испочитуваа се она за кое се договоривме пред натпреварот. Игравме одлична одбрана на Кјурик, успеавме да го отсечеме комплетно. Во последната четвртина малку ни опадна концентрацијата, тие погодија некои нелогични тројки. И покрај тоа, ние цело време имавме контрола над резултатот. Секако дека сум задоволен од играта и од победата, со мислите одиме понатаму – за три дена против Швајцарија во Скопје. - истакна селекторот Давитков по завршување на натпреварот

Сениорите утре се враќаат во Скопје каде ќе го одиграат вториот натпревар во овој прв претквалификациски прозорец, против Швајцарија.