Европската кошаркарска недела на Специјалната Олимпијада денес ја одбележува и Република Македонија со одржување на турнир во малата сала на „Кале“. Специјалната Олимпијада на Македонија организира кошаркарски турнир, поддржан од Македонската кошаркарска федерација и кошаркарскиот клуб Вардар, на кој настапија кошаркари и кошаркарки со пречки во развојот кои докажаа дека љубовта кон спортот со портокаловата топка е иста кај сите луѓе. Целта на Специјалната Олимпијада е инклузија на атлетите со пречки во развој во општеството како еднакви.

Чест ми е што одново сме поддржувачи на ваков настан и се надевам дека таквите ќе продолжат да се организираат и во иднина. Се уште свежо во сеќавање на сите ни стои настапот на овие талентирани кошаркари на турнирот „3х3“ кој се одржа во Скопје, а утре ќе можете да ги погледнете кошаркарите од Специјалната Олимпијада на полувремето од претквалификацискиот натпревар нашите сениорски репрезентативци. Верувам дека ќе уживаме во одлични игри денес на паркетот. - го отвори кошаркарскиот турнит Генералниот Секретар на Македонската кошаркарска федерација, Моника Гаврилоска.

Турнирот започна во 10:00 часот наутро, а ќе трае до 16:00 часот.
Натпреварот на кој ќе настапат одличните кошаркари и кошаркарки од Специјалната Олимпијада, помеѓу Македонија и Швајцарија, ќе се одигра утре (недела, 26. ноември) со почеток во 10часот и 45 минути.