Кошаркарските репрезентативци UNIFIED тимовите од Специјалната Олимпијада на Република Македонија го заслужија аплаузот на полувремето на натпреварот помеѓу Македонија и Швајцарија кој во моментов го играат нашите сениори во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021. Одличните кошаркари одиграа кус натпревар меѓу себе, поделени во две екипи. За кошаркарите од Специјалната Олимпијада ова е втор настан во текот на Европската кошаркарска недела на лицата со посебни потреби која ќе трае до 3. декември. 

Едната екипа, предводена од Кристијан Арсовски настапи со Јане Никодиновски, Адо Дупљак, Горјан Стојковски, Кристијан Грошлев и Никола Георгиевски. Втората екипа предводена од Симона Деловска настапи со Виктор Бошковски, Миро Ѓорѓевски, Александар Цветковски, Јоан Божиновски и Страхил Николов. 

На полувремето резултатот гласеше 38-36 во корист на Македонија.