Специјалната Олимпијада на Македонија продолжува со активностите за одбележување на Европската кошаркарска недела на лицата со посебни потреби. По кошаркарскиот турнир, одржан изминатата сабота (25. декември) како и настапот на полувремето од натпреварот помеѓу Македонија и Швајцарија во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021, Специјалната Олимпијада ќе одржи семинар за мини-баскет за лица со интелектуална попреченост.

Семинарот ќе биде одржан во пресрет на денот на лицата со пречки во развојот, на 3. декември (недела) со почеток во 10:00 часот во конференциската сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Овој семинар (обука) е дел од 14. Европската кошаркарска недела која се одржува во 35 земји низ Европа со учество од 19.000 спортисти и истата е поддржана од ФИБА. Целта е промоција на кошарката и мини-баскет во инклузивните училишта со што ќе се овозможи преку моќта на спортот, лицата со посебни потреби да развијат нови вештини, способности, да доживеат успех и да другаруваат со своите врсници на спортските терени и пошироко.

Да бидеме дел од инклузивната револуција и да создаваме нови генерации на кошаркари и кошаркарки!