Македонската кошаркарска федерација повторно покренува иницијатива за одржување на турнир за девојчиња до 14 години и помлади. Во рамки на минатата натпреварувачка сезона 2016/2017, МКФ организира еден турнир за девојчиња, на кој триумфираа младите кошаркарки на Струга 2009.

Турнирот ќе се одржи во Скопје, последниот викенд од тековниот месец (23. и 24. декември).

Во зависност од заинтересираноста на клубовите системот за натпреварување на турнирот ќе биде дополнително изготвен. 

Се замолуваат сите заинтересирани клубови да испратат потврда за интерес за учество до Канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација на следните e-mail адреси: office@basketball.org.mk или contact@basketball.org.mk НАЈДОЦНА до петок (15. декември).