Македонската кошаркарска федерација повторно покрена иницијатива за организирање на турнир во возрасната категорија до 14 години во женска конкуренција и истата беше поздравена од вкупно шест екипи. Шест клуба претстојниот викенд ќе се надигруваат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, поделени во две групи - А и Б. 

Натпреварите ќе се одиграат по систем – секој со секого. По одигрување на трите натпревари во групите А и Б, екипите според освоените бодови добиваат пласман од 1-3.
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО: Второпласирана екипа (А) со Второпласирана екипа (Б),
ФИНАЛЕН НАТПРЕВАР: Првопласираната екипа (А) со Првопласираната екипа (Б),
Победниците од натпреварите на првиот турнир ќе ги добијат натпреварувачките броеви за следниот турнир за сезоната 2017/2018 година.

ГРУПА А 
Бадел 1862
Крива Паланка
Гостивар

ГРУПА Б
Струга 2009
Трокал
Шкупи

Целосниот распоред може да се погледне на следниот линк.