Македонската кошаркарска федерација сака да упати јавна благодарност до компанијата МЕПСО за поддршката на националниот тим во женска сениорска конкуренција. Реномираната компанија застана зад сениорките кои првпат по три години неактивност повторно им се вратија на репрезентативните активноти. Сениорките изминатиот ноември ја започнаа мисијата „Евробаскет 2019“ натпреварувајќи се во квалификациите за Европското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Летонија и во Србија. Вториот прозорец од овие квалификации ќе се одигра идниот февруари, 2018 година.