Македонската кошаркарска федерација претстојниот викенд ќе организира предновогодишен турнир за девојчиња до 14 години. Овој пат шест клуба ја поздравија иницијативата и ги пријавија своите најмлади кошаркарки за овој турнир. Освојувачот на минатиот турнир од ваков тип Струга 2009 ќе се надигрува со Шкупи, Трокал, Гостивар, Крива Паланка и Бадел 1862. Екипите се поделени во две групи, ќе играат по систем секој-со-секого пошто ќе се одреди пласманот од првото до третото место. Второпласираните ќе се надигруваат за третото место додека првопласираните ќе играат во финалето.

Натпреварите за третото место и финалниот натпревар ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на Македонскиот Олимписки комитет.

Распоред на натпревари

ЛИНКОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
ФИНАЛЕ