Младите кошаркарки на Шкупи го запишаа вториот пораз на новогодишниот турнир за девојчиња до 14 години што во моментов се одржува в Скопје во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Кошаркаркитеод клубот од Чаир, овој пат предводени од Фаик Мифтари, загубија од кавадаречки Трокал со 26-20 односно 4-4, 12-2, 4-6 и 6-8 по делници. За Чаир ова е втор пораз од два одиграни натпревари, за Трокал прва победа од еден одигран натпревар.