Најмладите кошаркарки на Бадел 1862 го освоија првото место на турнирот за девојчиња до 14 години кој денес беше одржан в Скопје. Избраничките на тандемот Стојановска-Герасимовска беа стабилни во играта против врсничките од Струга, кои прерано останаа без неколку соиграчи поади пет фаули што беше дополнителен проблем за Коста Белкоски кој ја имаше улогата на главен тренер. Во финишот, Бадел 1862 славеше со конечни 35-19. Капитенот на Бадел 1862, Нина Зафировска се закити со признанието MVP.