Репрезенативците до 15 и до 16 години утринава ги одработија последните тренинзи пред заминување на турнир во Турција. Двете младински национални селекции минаа четири дена од изминатата седмица во српската престолнина каде учествуваа на пријателски турнир. Селекцијата до 15 години запиша две победи, против младинските екипи на Црвена Звезда и Визура додека беа поразени од Мега Лекс. Постарата генерација, до 16 години, запишаа една победа - против Жарково додека захубија од Црвена Звезда и од Земун.

Младинските репрезентации рано во годината ги започнаа репрезентативните активности. Селекцијата до 16 години повторно ќе учествува на Европско првенство ова лето (дивизија Б) додека репрезентацијата до 15 години ќе продолжи со активностите во рамки на проектот за развој на млади таленти на ФИБА насловен како „Заедно до U16“.

Во Истанбул, противници на нашите селекции ќе им бидат врсниците од Анадолу Ефес, Дарушафака, Истанбул ББ и од Галатасарај,