Националната селекција во женска сениорска конкуренција го одржа првиот собир во пресрет на натпреварите од вториот прозорец во рамки на евроквалификациите. Селекторот Марјан Лазовски заедно со неговите советници од стручниот штаб ги прозиваа кошаркарките кои одговоија на повикот. Во овој прозорец ќе отсуствуваат повредените Јелена Антиќ, Ивона Пејковска и Криси Гивенс. На селекцијата во текот на наредните два дена ќе и се приклучат уште Ана Тантуровска и Ивона Кожобашиовска.