Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите медиумски куќи за акредитирање на новинарски екипи за следење на натпреварите во рамки на Купот на Република Македонија, кои ќе се одиграат за две седмици (16. до 18. февруари, 2018 година).

Барањата за акредитации треба да се испратат најдоцна до понеделник (12. февруари, 2018 година) на office@basketball.org.mk.
Македонската кошаркарска федерација ќе организира превоз на претставниците на медиумите. 

КУП на РМ распоред
Ден 1. (16. февруари, 2018 година ПЕТОК)
13:00
Работнички – Карпош Соколи (четвртфинале 1)
15:30 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 2)
18:00 МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри (четвртфинале 3)
20:30 Куманово 2009 – Гостивар (четвртфинале 4)

Ден 2. (17. февруари, 2018 година САБОТА)
12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:30 Вардар – Пелистер (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4)
20:30 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)

Ден 3. (18. февруари, 2018 година НЕДЕЛА)
16:00 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2)
19:00 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2)