Нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција утрово го испроба паркетот во салата Пала Равица во Павија каде вечерва со почеток во 18часот и 30минути ќе го одигра вториот натпревар во евроквалификацискиот циклус, во рамки на вториот прозорец. Со Италија се пресметавме в ноември минатата година, на домашен терен и загубивме со 52-61.

Девојките се сконцентрирани и желни за победа и докажување. 

Во репрезентацијата на Италија, во ростерот, има неколку промени од првиот натпревар кој го одигравме до овој сега. На претходниот натпревар (против Хрватска) се предадовме прерано. Натпреварот го изгубивме пред да излеземе на паркетот. Денес не смееме да си го дозволиме тоа. Мораме да бидеме ’прибрани’ во мислите и сигурни во играта. Грешките од пред неколку дена да ги сведеме на минимум и да заиграме како што знаеме. - вели селекторот Марјан Лазовски во пресрет на натпреварот.

Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на Собранискиот канал на МРТ како и на следниот ЛИНК.