Екипата на Работнички е првиот патник во полуфиналето на Купот на Република Македонија откако за 40 минути успеа да го совлада Карпош Соколи. Клубот од Карпош е елиминиран уште во четвртфиналето со што е сигурно дека трофејот нема да се врати кај „соколите“ туку ќе добие нов сопственик. 

Тренерот Михаил Наумовски на располагање имаше млади сили кои се ’држеа’ во игра в првите пет минути со деветкратниот освојувач на Купот. Кон средината на првиот период „центарци“ двојно ја зголемија позитивата која до крајот на натпреварот продолжи да расте. Последниот период на теренот истапија младите сили и на Марин Докузовски кои ја одржуваа разликата се до крајот на натпреварот. 

Во финишот, Работнички славеше со конечни 103-49 (26-9, 25-14, 22-15, 28-11)
Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.