Екипата на МЗТ Скопје Аеродром си закажа полуфинале во рмаки на Купот на Република Македонија откако во третото четвртфинале на денешниот распоред актуелниот шампион во домашното првенство го совлада тимот на Фени Индустри. За избраниците на Жаљко Лукајиќ ова е веќе втора победа над кавадарчани, првата беше запишана во рамки на домашното првенство.

Избраниците на Љупчо Малинков ја имаа поддршката од домашната публика во салата „Јасмин“, но не успеаја да ја израдуваат како минатата година кога во рамки на полуфиналето го елиминираа токму составот на МЗТ Скопје Аеродром. ВО полуфиналето, МЗТ Скопје Аеродром ќе се пресмета со Блокотехна.

МЗТ Скопје Аеродром - Фени Индустри 115-68 (34-28, 30-21, 27-12, 24-7)
Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.