Тимот на Куманово си закажа полуфинална пресметка против најтрофејниот македонски клуб во ова натпреварување, Работнички, откако во последното четвртфинале за денешниот ден го совлада тимот на Гостивар. Двете екипи беа расположени за игра од самиот почеток на натпреварот. Реализацијата им ’тргна’ на кумановци кои полека почнаа да таложат предност. Кошаркарите на Гостивар не се заплшија од двоцифрената негатива, па на почетокот на вториот дел од натпреварот се заканија со намалување на разликата на минус шест поени. На тоа веднаш одговорија условните домаќини на овој натпревар за враќање на довицфрената предност. Повика Србиноски тајмаут кој им годеше повеќе на кумановци до истекот на третиот период негативата порасна на 21 поен, недостижна за анулирање до крајот на натпреварот.

Во финишот, Куманово славеше со 85-65 (28-23, 19-14, 23-12, 15-16)
Целосната статистика достапна на следниот ЛИНК.