Четири екипи во женска и четири екипи во машка конкуренција денес в салата „Јасмин“ в Кавадарци ќе се борат за место во финалето.
Кај дамите, распоредот е направен според пласманот во регуларниот дел од сезоната, па така, првопласираниот Бадел 1862 ќе си ги одмери силите со четвртопласираната Струга 2009 додека минатогодишниот освојувалч Вардар ќе го започне бранењето на Куп-трофејот против Пелситер.

Првото полуфинале ќе започне во 12:00 часот и истиот ќе може да се проследи во живо на следниот ЛИНК. Вториот полуфинален натпревар ќе започне во 14:30 и ќе може да се проследи на следниот ЛИНК.

Во машката конкуренција Работнички ќе се пресмета против Куманово додека МЗТ Скопје Аеродром ќе се надигрува со Блокотехна.

Првото полуфинале ќе започне во 17часот и 30минути, второто три часа подоцна. И двете полуфиналиња ќе бидат пренесувани на МРТ.