За 365 дена екипите на Бадел 1862 и Вардар повторно ќе се сретнат во финалето на Купот на Република Македонија. ВО рамки на првото полуфинале, кошаркарките од редовите на актуелниот шампион во домашното првенство закажаа настап во финалниот меч, а неколку часа подоцна истото го направија и кошаркарките кои го бранат Куп-трофејот од ланската година, Вардар.

Првото полувреме од вториот полуфинален натпревар во женска конкуренција за кошаркарките од двата тима започна бавно - промашени шутеви и голем број на нереализирани акции. Во првиот период од вториот дел, вардарки запишаа речиси ист број на поени колку што забележаа во целото прво полувреме, наспроти само четири поени на нивниот противник. Тоа резултира со намалување на конентрацијата кај избраничките на Горјан Стојановски, многу изнудени грешки и лоша шутерска серија. 

Во финишот, Вардар славеше со 84-33 (11-7, 19-13, 28-4, 26-9)
Целосната статистика достапна на следниот ЛИНК.