Срѓан Дамњановски, тренер Вардар
Почетокот секогаш е психолошки тежок на вакви полуфиналиња и финалиња. После фативме ритам и со добра одбрана, контра-напади стигнавме до тоа што стигнавме. За Бадел немаме некоја стратегија, едноставно такво е натпреварувањето. Се е до мотивацијата, некаде и среќа. Дополнително не мотивираат и двата пораза од Бадел во првенството. Мислам дека девојките се мотивирани - добро играме и добро трчаме. 


Симона Деловска, играч Вардар
Првото полувреме го започнавме бавно, но во второто полувреме некако се стегнавме. Мило ми е што појако влеговме и сега сме подготвени за финале. Се надевам дека на утрешното финале со Бадел ќе покажеме подобра игра.


Горјан Стојановски, тренер Пелистер
Оваа година настапивме без капитенот Ана Котевска која не стигна да допатува и Елена Разноска. На клупата имавме и болни играчи како Теодора Кузмановска и Рахела Марковска. Ме радува фактот што игравме со млади играчи. Дракуловска, Трајчевска и Поповска имаат по 12 години, а изиграа едно куп-полуфинале. Тоа ни покажува дека Битола и женскиот клуб Пелситер има талентирани кошаркарки кои полека го заземаат местото на поискусните кои престанаа да се занимаваат со овој спорт.


Сара Спировска, играч Пелистер
Се држевме добро само во првото полувреме, поради ограничената ротација на играчи. Не можевме да го издржиме тоа темпо и во второто полувреме разликата отиде како што отиде. Ова беше едно големо искуство за нас. Имаме многу млади играчи во нашиот состав. Тоа што беше во нашите можности го направивме. Нам ни останува да собираме уште искуство и некогаш да стигнеме и до финале.