Нашиот најтрофеен кошаркарски колектив, Работнички, се пласира во уште едно Куп-финале откако во денешното прво полуфинале во машка конкуренција го совлада тимот на Куманово. За „Центарци“ тоа воопшто не беше лесна задача ако се земе предвид играта во вториот дел од натпреварот. Избраниците на Марин Докузовски ја имаа контролата во поголемиот дел од натпреварот, но се опуштија во вториот дел што резултира со губење на предноста од 16 поени која ја наталожија во текот на првото полувреме. На кумановци им тргна шутот за три поени, нервозата порасна кај црвено-белите, а не изостанаа и грешките. Повика Докузовски тајмаут на неколку минути пред крајот на полуфиналната средба, ги построи своите избраници кои продолжија со стабилна игра на паркетот - доволна за нов триумф и пласман во финалето.

Работнички славеше со 77-68 (22-21, 24-10, 13-17, 18-20)

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.