Бадел 1862 - Вардар 50-72 (10-23, 16-13, 13-17, 11-19)
 

Перо Стамески, тренер Бадел 1862
Не сум баш задоволен од играта. Изигравме, но не онака како што се договоривме и како што треба. На почеток никогаш не се губи натпревар. Имавме проблеми со организацијата на играта, со реализацијата и не успеавме да се вратиме. Им ја честитам Куп-титулата на Вардар.

Софија Лазареска, играч Бадел 1862
Најискрено, не очекувавме ваков натпревар.Влеговме многу опуштено во натпреварот. На почетокот тие направија разлика којашто ние не можевме да ја стигнеме. Ова дефинитивно не е реална слика на Бадел.

Срѓан Дамњановски, тренер Вардар
Ова ми е прва сениорска титула. Мислам дека не е едноставно да ги победиш Бадел 21 разлика. Доминиравме во текот на целиот натпревар и го држевме резултатот под контрола и заврши се како што треба. Имаме две искусни кошаркарки за кои немам доволно зборови. Славица Наков е предобра за да се коментира воопшто, исто и Едина Муса која на првиот натпревар не можеше да даде максимум од себе. Тие се кошаркарките кои ја прават разликата. Денес ќе славиме, а од утре ќе ислиме на првенството.

Едина Муса, играч Вардар
Секако дека очекувавме да победиме. Бевме многу мотивирани, се фокусиравме на тимска игра, на сите ситници. Девојките покажаа дека вредиме и дека можеме да ја одбраниме титулата од минатата година. Секако дека очекуваме да продолжиме исто и во лигата, очекуваме високи победи, па дури и поголеми од оваа во Купот. Вардар на овој Куп не доби мене и Славица Наков како поискусни, но верувајте дека и помладите девојки супер се снајдоа. Вложивме се што можевме како тим и стигнавме заедно до победата. Немав проблем да се вратам силно. Се е во главата, се е мотивација. Тука е и љубовта кон кошарката која ја имам во мене. Планирам понатаму да продолжам уште посилно. Само Господ да е со нас сите и да не чува од повреди