Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва од Кавадарци ќе си заминат со полн плен. Избраниците на Жељко Лукајиќ им го нанесоа првиот пораз на Работнички за оваа сезона, реванширајќи им се за поразот во домашното првенство и тоа во финалето од КУП натпреварувањето за 2018 година. „Металците“ го подигнаа деветтиот КУП-трофеј во нивното постоење и со тоа се израмнија на врвот со Работнички кој исто така има девет трофеи.

Димитар Мираковски беше прогласен за најдобар стрелец, а Дамјан Стојановски за MVP.