Младите кошаркарки на Трокал останаа самоуверени и стабилни во својата игра, а посветеноста на теренот и концентрацијата им се исплатеше максимално. Младите кошаркарки предводени под Никола Златев запишаа максимални три победи на денешниот турнир за девојчиња до 14 години и го освоија првото место. Кошаркарката Лиле Миткова од редовите на Трокал беше прогласена за најкорисен играч на турнирот. Второто место им припадна на кошаркарките од Крива Паланка, третото место на Бадел 1862.