Репрезентативната селекција до 16 година која е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“ наредната седмица ќе заминат на турнир во Косово каде ќе одиграат неколку натпревари во рамки на овој проект. Во Приштина, нашите репрезентативни кошаркари предводени од тренерското дуо во состав Александар Јованчев (селектор) и Мартин Атанасовски (асистент) ќе одиграат натпревари против соодветните селекции на Бугарија, Романија како и на домаќинот на овој турнир.

Кошаркарите ќе започнат со тренинзи идниот понеделник (2. април) во малата сала на „Кале“ во 14:30. 

Список на кошаркари за турнир Косово 2018

  1. Лука Савичевиќ
  2. Љубиша Димитровски
  3. Стефан Јовановски
  4. Марко Величковски
  5. Михаил Наумоски
  6. Марко Миловановиќ
  7. Гоце Петрушевски
  8. Бранко Шуменковски
  9. Андреј Андоновски
  10. Давид Наумовски
  11. Богдан Мирковски
  12. Драго Стојановиќ
  13. Славко Трајковски

Сите повикани кошаркари задолжително да ја носат опремата од кампот одржан во Маврово минатата календарска година. Поаѓањето е пред Дрводекор в петок (6. април) во 11:00 часот.