Канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација ги информира сите клубови во Македонија, Согласно членовите 23, 24 и 25 од Регистрацискиот Правилник на МКФ, за терминот на Вториот преоден рок за кошаркари-ки во Сениорските и Младинските лиги од натпреварувачката сезона 2016/17.


Сениорски лиги
-   Прва лига мажи регистрација на играчи се врши најдоцна најдоцна до 10 Март 2017
-   Прва лига жени регистрација на играчи се врши најдоцна најдоцна до 24 Февруари 2017

Втора лига мажи Регистрација на играчи се врши најдоцна најдоцна до 24 Февруари 2017

-  Трета лига мажи регистрација на играчи се врши најдоцна најдоцна до 31 Март 2017

-   Барање/согласност за настап со двојна лиценца може да поднесе 24 часа пред почеток на соодветната лига (Втора или Трета лига мажи).


Преоден рок во сите Младински лиги од 16 до 20 Јануари 2017 година

Во наведениот термин, клубовите од Младинските лиги можат да:

-   Направат конечни измени во листите на одобрени играчи за сезона 2016/17,
-   Кошаркарите-ките имаат право да преминат од еден во друг клуб согласно член 24 и 25 од Регистрацискиот правилник на МКФ,
-  Потребните документи, согласно член  13 од Регистрацискиот правилник на МКФ се доставуваат во канцеларијата на МКФ најдоцна до 20 Јануари 2017 година,
-   Барањата за раскин на договор, а кои се однесуваат за регистрација на играчот во наведениот преоден рок се поднесуваат најдоцна 24 часа пред почеток на преодниот рок, односно 15 Јануари 2017 година.