Со (не)одигрување на натпреварот помеѓу екипите на Ангели и на Црн Дрим (0-20) сезоната 2017/2018 во Втората лига во машка сениорска конкуренција и официјално е комплетирана. Вкупно девет екипи оваа година се надигруваа во рамки на втората по ранг силна лига во машка сениорска конкуренција во Република Македонија и тоа Академија ФМП, Ангели, Вардар, Водњански Лисици, Карпош Соколи, МЗТ Скопје Аеродром, Овче Поле, Тетекс и Црн Дрим. По шеснаесет одиграни меѓусебни натпревари првото месо му припадна на Вардар. „Црвено-црните“ од Кале заверија вкупно 15 победи и само еден пораз стационирајќи се на првото место на табелата со 31 бод. Само еден бод помалку имаше екипата на Водњански Лисици. Двете екипи во идната сезона (2018/2019) ќе се натпреваруваат во прволигашката конкуренција. 

Екипата на Ангели наредната сезона ќе се натпреварува во најнискиот ранг, третата лига. Во Втората лига промоција добија екипите на Спорт Тим Неготино и на Партизан Мулти Шпед од Третата лига.

Честитки на екипите за постигнатите успеси! Македонската кошаркарска федерација им посакува успех и во понатамошните натпреварувања!

ВАРДАР 2017/2018

ВОДЊАНСКИ ЛИСИЦИ 2017/2018

ТАБЕЛА ВТОРА ЛИГА МАЖИ; СЕЗОНА 2017/2018