Завршниот турнир од младинската лига за кошаркари до 20 години (М20) ќе биде организиран од Академија ФМП. Денес, во просториите на Македонската кошаркарска федерација претставниците на клубот од Кисела Вода ја дадоа највисоката понуда на лицитацијата за организатор на фајнал-фор (F4) турнирот кој е предвиден, според календарот, да се одигра викендот на 19. и на 20. мај.

Тековната сезона, четирите екипи кои успеаја да се пласираат во завршницата се организаторот Академија ФМП, потоа Вардар кој ќе ја брани титулата освоена лани, ланскиот вицешампион Работнички и Карпош Соколи.

Условите по кои се одвиваше лицитацијата се достапни на следниот ЛИНК.

ТАБЕЛА М20; СЕЗОНА 2017/2018