Центарот за едукација на тренери при Македонската кошаркарска федерација, ќе го спроведе првиот дел од планираната едукација на тренерите, во периодот од 15. јуни, 2018 година до 17. јуни, 2018 година во спортскиот комплекс на хотел Бистра - Маврово.

Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: 

- Најмалку средно образование, копија од диплома за завршено средно образование,

- Лекарско уверение за задоволителна здравствена состојба,

- Уплатница за прва рата од чинење на курсот во висина од 6150 денaри,

- Уплата за хотел 1900 денари, 

- Кратка биографија,

- На барањето задолжително да се наведат телефон и и-меил адреса за контакт.

Документите да се достават во канцеларијата на МКФ до 25. мај 2018 година, по завршување на овој рок, Центарот за едукација ќе прати известување до пријавените кандидати.

НАПОМЕНА: кандидатите кои имаат доставено документи, потребно е достават само уплатници.

УПЛАТНИЦИТЕ СЕ ДОСТАПНИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.