Кошаркарите на Академија ФМП се првите финалисти на завршниот турнир од тековната сезона во возрасната категорија за кошаркари до 20 години. Избраниците на Николче Божиновски го започнаа стабилно натпреварот, таложејќи предност како што одминуваше времето. На полувремето екипите се разделија со единаесет поени предност за домаќинот на овој турнир (45-34). Во второто полувреме пак, се случи пресврт на резултатот. Кошаркарите предводени од Михаил Наумовски го возвратија ударот и ја анулираа сета негатива, а потоа го преземаа и водството. Неколку тајмаути беа повикани во последниот период од двете страни, а паузите се покажаа како поефективни за кошаркарите на Академија ФМП кои успеаја да ја вратат позитивата на семафорот во своја корист и да го завршат натпреварот со девет реализирани поени повеќе од противникот. (86-77).

Целосната статистика може да го погледне на следниот ЛИНК.