Минатата календарска година, 2016, беше богата на кошаркарски план. Речиси сите возрасни категории учествуваа на континенталните првенства додека голем дел од клубовите (и во машка и во женска конкуренција) покрај домашното првенство сенатпреваруваат и на меѓународната сцена.

Богатата година донесе нови успеси и нови падови, а македонската кошаркарска федерација уште еднаш одлучи да им додели признанија на кошаркарите, кошаркарките, тренерите и клубовите кои беа најуспешни.

Репрезентативниот плејмејкер, Александар Костоски, кој годината ја започна во редовите на македонскиот вицешампион Куманово, а ја заврши во романски Питешт, е прогласен за најуспешен кошаркар за 2016 година. Во женската конкуренција признанието го доби Нена Трајчевска која ја носи капитенската лента на македонскиот шампион Бадел 1862. Нејзиниот клуб го доби и признанието за најуспешен додека во машката конкуренција тоа признание го понесе МЗТ Скопје Аеродром кој минатата календарска година ја освои двојната круна во домашното првенство.

Најдобар македонски кошаркар кој плива во интернационалните води за 2016 година е прогласен Перо Антиќ.

НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА ЗА 2016 ГОДИНА
Млада кошаркарка: Матеа Николиќ
Млад кошаркар: Ненад Димитријевиќ
Најдобар тренер во женска конкуренција: Перо Стамески
Најдобра женска екипа во младинска категорија: Бадел 1862
Најдобар тренер во женска младинска екипа: Анета Глигорова
Најдобар судија: Игор Митревски
Најдобар тренер во машка конкуреција: Александар Јончевски
Најдобра машка екипа во младинска конкуренција: Вардар
Најдобар тренер во машка младинска екипа: Ѓорѓи Кочов