Нашата кадетска репрезентација, која во изминатите две години работи заедно (во рамки на ФИБА проектот „заедно до М16“) веќе дваесетина дена интензивно тренира в Скопје, а денес го одигра и првиот пријателски натпревар во рамки на подготвителниот период. Селекторот Александар Јованчев, заедно со членовите на својот стручен штаб, ги предводеше кадетите до победа над соодветната репрезентација на Косово со 62-82.

Предводникот на репрезентацијата до 16 години ги искористи сите 15 кошаркари кои ги поведе во Приштина давајќи им шанса на паркетот што резултира со највисока предност од 36 поени реализирана во третиот период.

За кадетите следи продолжување на подготовките во Скопје пред заминување за Белград на пријателски натпревари (23. 24. и 25. јули) потоа нагостување на селекциите на Бугарија, Црна Гора и на Романија во Скопје на турнир како и заминување во Маврово на финални подготовки пред настапот на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одигра во Босна и Херцеговина.