Нашата кадетска репрезентација ја заврши мини-турнејата во српската престолнина каде одигра три пријателски натпревари - два со соодветни репрезентации, една со клуб и запиша три победи за три дена.

Избраниците на Александар Јованчев првин играа против клубот Жарково, кого го совладаа со 47-67. Ден подоцна разигруваа со Белгија и ја совладаа со 38-70, а турнејата ја завршија со победа над Швајцарија со 36-65.

За нашите кадети следат уште три пријателски натпревари в Скопје, а потоа финиширање на подготовките во Маврово пред заминување за Сараево каде ќе настапат на Европското првенство (дивизија Б) за репрезентации до 16 години.