Нашата кадетска репрезентација продолжува со победи во подготвителниот период. Избраниците на Александар Јованчев пред два дена се вратија од Белград каде запишаа три победи на своето конто, а синоќа ја совладаа и соодветната репрезентација на Романија со 85-72.

Денес, со почеток во 20часот и 30минути, во малата сала на „Кале“ кадетите ќе се пресметаат со Бугарија, а утре ќе го заокружат турнирот со натпревар против Црна Гора пред заминувањето за Маврово и отпочнување на финалната фаза од подготовките во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години.