Кадетските репрезентативци речиси финишираа со подготовките за Европското првенство (дивизија Б) на кое ќе земат учество од 9. до 18. август.

На турнирот, кој воедно е последен тест, кадетите запишаа уште една победа. Овој пат избраниците на Александар Јованчев ја совладаа Бугарија со 59-57.

Последен натпревар во рамки на овој подготвителен период кадетите ќе го одиграат утре (недела, 29. јули) со почеток во 13:00 часот во малата сала на „Кале“.