Нашата кадетска репрезентација синоќа замина за Сараево каде во наредните десет дена ќе земе учество на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години. Оваа репрезентација е единствена која тренира заедно веќе две години во рамки на проектот „Заедно до М16“, одобрен од ФИБА.

Кадетите го одржаа првиот собир на 30. јуни, оттогаш одиграа седум пријателски натпревари, а непосредно пред заминувањето за Сараево обавуваа подготовки и во Маврово. 

Избраниците на Александар Јованчев против репрезентативците на Црна Гора го запишаа првиот пораз. Со тоа, на нивното конто остануваат шест победи и тоа против Косово (62-82), Романија (85-72), Белгија (38-70), Швајцарија (36-65), Жарково (47-67) и против Бугарија (59-57) и само еден пораз - од Црна Гора (66-91).
 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ГРУПНА ФАЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ДИВИЗИЈА б) ЗА КАДЕТИ 2018

9. август
МАКЕДОНИЈА – Русија
Почеток 16:30

10. август
Белгија - МАКЕДОНИЈА
Почеток 14:15

11. август
Словачка- МАКЕДОНИЈА
Почеток 21:00

13. август
МАКЕДОНИЈА – Данска
Почеток 16:30

14. август
Норвешка – МАКЕДОНИЈА
Почеток 14:15