Репреззентацијата во машка кадетска конкуренција запиша уште една победа, втора во низа, на Европското првенство (дивизија б) за кошаркари до 16 години кпе се одигрува во босанската престолнина Сараево.

Кадетите првин запишаа несреќен пораз од силната Русија, а потоа го забележаа првиот триумф против Белгија. Во рамки на третиот натпревар нашите репрезентативци славеа против Словачка. Словаците беа рамноправен противник во три периоди, но во вториот успеаја да реализираат само еден поен наспроти нашите 22 поени. Високата предноста остана на нашата страна на семафорот и по истекот на 40. минута до конечни 53-76. 

Следи ден одмор па натпревар против Данска.

Целосната статистика како и снимка од натпреварот е достапна на следниот линк.