Со убедливи 86-70 против Норвешка, нашите кадетски репрезентативци се пласираа во четвртфиналните разигрувања на Европското првенство (дивизија Б) кое од деветти август се одигрува во босанската престолнина, Сараево. 

Кошаркарите од националниот состав до 16 години во рамки на групната фаза запишаа четири победи и само еден пораз, со што се стационираа на второто место на табелата во групата Б и ќе разигруваат против првопласираниот од групата А по еден ден одмор.

ГРУПНА ФАЗА РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА - Русија 69-75
Белгија - МАКЕДОНИЈА 68-80
Словачка - МАКЕДОНИЈА 53-76
МАКЕДОНИЈА - Данска 99-89
Норвешка - МАКЕДОНИЈА 70-86

Избраниците на Александар Јованчев се во најдобрите осум екипи на ова првенство од кое првите три следната година ќе настапуваат во првата дивизија.

Целосната статистика од последниот натпревар, како и снимка од истиот, е достапна на следниот линк.