Со 71-74 нашите репрезентативни кадети запишаа победа над Романија и се пласираа во полуфиналето од Европското првенство (дивизија Б).

Кадетите самоуверено го започнаа натпреварот, наметнувајќи му двоцифрена негатива на противникот рано во натпреварот. Следеше мал пад на концентрацијата и помала реализација на поени, но кошаркарите на Романија не успеаја да ја анулираат нашата негатива.

Со победата, кадетите се пласираа во полуфиналето каде не очекува соодветната репрезентација на Босна и Херцеговина. Натпреварпт е закажан за утре (17. август) со почеток во 18:45.

Во рамки на второто полуфинале ќе се пресметаат Русија и Чешка.

Денешниот натпревар го одигравме во побавен ритам, меѓутоа заморот си го направи своето. 
Сепак во изминативе два дена, заеднички како стручен штаб успеавме тактички да ги подготвиме играчите и да одиграме максимално. 
Ја променивме играта во одбраната од претходните три натпревари, а Романија не успеа да најде решение, ние смирено одигравме во последната минута и дојдовме до овој посакуван триумф.
Имаме две шанси за А дивизија, а ние ја бираме првата. - Потенцира селекторот Јованчев.

Целосната статистика од денешниот натпревар против Романија како и снимка од истиот е достапна на следниот линк.